совпадне се | св.

Стане, се случи истовремено со нешто друго. Доаѓањето на вујко му се совпадна со неговата свадба. Оваа година се совпаднаа и православниот и католичкиот Велигден.

совреме | прил.

Без задоцнување, навреме. Врати се совреме. Да тргнеме совреме.

современ | прид.

Што се однесува на сегашното време, на дадената епоха, сегашен. Современ живот. Современа музика. Современи писатели.

современик | м.

Тој што живеел или живее во едно исто време со некого или со нешто. Современик на Рацин. Сите сме современици на ерата на компјутеризацијата.

совремие | ср.

Тоа што се случува, доживува сега, сегашност; современост. Неговите слики се одраз на совремието.

совршен | прид.

Што е без недостатоци, потполн, идеален. Совршен ракопис. Совршена убавина. Совршена личност. Совршени форми.

совршенство | ср.

Состојба и особина на тоа што е совршено. Совршенство на звуци. Совршенство на уметничкиот израз. Душевни совршенства.

совхоз | м.

Државно земјоделско стопанство во СССР. Тој е чиновник во совхоз.

совхозен | прид.

Што се однесува на совхоз. Совхозно производство.