соперник | м.
Тој што соперничи со некого во достигнувањето на некоја цел; ривал, конкурент. Политички соперник. Љубовен соперник.
соперничи | несв.
Се натпреварува со некого; се стреми да ја придобие љубовта на некоја жена, односно маж.
сопернички | прид.
Што се однесува на соперник. Сопернички однос. Сопернички групи.
соперништво | ср.
Натпревар меѓу соперници; ривалство, конкуренција. Чувство на соперништво.
сопина (се) | несв.
сопира (се) | несв.
сопирачка | ж.
Направа за подзапирање или за сопирање на возилото. Рачна сопирачка. Сопирачки на автомобилот.
сопка | ж.
Јаже со кое му се врзуваат предните нозе на добитокот за да му се ограничи движењето.
соплеменик | м.
Тој што е од исто племе со некој друг.
соплеменички | прид.
Што се однесува на соплеменик.