сопне | св.

Подметне некому нога при одење, стави сопка некому; препне. Другар му ја испружи ногата и тој се сопна.

сопостави | св.

Постави нешто едно наспрема друго за да се утврдат разликите или заедничките карактериситики; спореди. Тој ги сопостави двете верзии од текстот за да ги утврди разликите.

сопот | м.

(геогр.) Силен извор.

сопотпис | м.

Потпис на документ и сл. што го потпишуваат и други.

сопотписник | м.

Тој што потпишува нешто заедно со друг.

сопран | м.

Највисок женски или детски глас.

сопранист | м.

Момче што пее сопран.

сопрво | прил.