сопре | св.
Запре, спречи некаков, процес, развој. Пожарникарите ја сопреа огнената стихија. Светската економска криза го сопре и економскиот развој на нашата земја.
сопруг | м.
Маж во однос на жената со која е во брак, брачен другар. Примерен сопруг. Покоен сопруг.
сопруга | ж.
Жена во однос на мажот со кој е во брак, брачна другарка. Верна сопруга. Момчето ја побара за сопруга. Двајцата браќа имаа млади сопруги.
сопружник | м.
сопруг.
сопружништво | ср.
Сопружнички однос, живот.
сопрушки | прид.
сопствен | прид.
Што се јавува како сопственост на некого. Сопствен имот. Сопствена куќа. Сопствени пари.
сопственик | м.
Тој што има некаква сопственост. Сопственик на вредна збирка слики. Сопственици на голем имот.
сопствеништво | ср.
сопственост | ж.
Имот што припаѓа лично некому. Лична сопственост.