сосири | св.
За млеко ‒ засири, стави сириште во пресно млеко за да стане сирење; потсири. Домаќинката го сосири млекото од овците.
сословие | ср.
сослужение | и.
Литургиска служба на двајца или повеќе свештенослужители.
сослуша | св.
Ислуша до крај (предавање, концерт и сл.) Присутните ги сослушаа сите предавања на конференцијата. Мајката го сослуша детето.
сослушување | ср.
Глаголска именка од сослушува.
соспа | ж.
Голем навев од снег. Снежни соспи.
соспива ми | несв.
соспие ми | св.
сосредоточен | прид.
Што е насочен, концентриран кон нешто. Сосредоточен поглед. Сосредоточено внимание.
сосредоточи | св.
Насочи, концентрира, собере на едно место. Сите сили ги сосредоточи во совладување на тешкотиите.