состав | м.

Целокупност од делови што образуваат некоја сложена целина. Речнички состав на македонскиот јазик. Минерален состав. Состав на филот.

составен | прид.

Што влегува во состав на нешто, што е дел од некоја целина. Составен дел на животот.

состави | св.

а) Соедини, приближи едно до друго, здружи. Ги стисна клепките и ги состави веѓите. Ќе ги рушиме меѓите, ќе ги составиме нивите. Ги составило злото. б) Спои, врзе. Ги состави двата краја од панделката.

составка | ж.

Составен дел на една целина. Составка на општата борба. Составка на креативниот процес.

составувач | м.

Тој што составува нешто. Составувач на знаменитиот манифест. Составувачи на македонската азбука.

состанар | м.

Тој што живее со некого во ист стан со еднакви права на користење.

состане се | св.

Се сретне со некого со некаква цел. Се состана со пријателот за да се договори. Младите се состануваа тајно.

состанок | м.

Собир, средба, заседание на членови на некоја организација, колектив и сл. заради разгледување и донесување одлуки. Партиски состанок. Претседателот го отвори состанокот и го предложи дневниот ред. Тој постојано беше на состаноци, на конференции.

состои се | несв.

Има во својот состав, е составен од нешто, содржи нешто. Програмата за работа се состоеше од предавања од три области. Менито се состоеше од неколку јадења.