спермацетен | прид.

Што е од спермацет. Спермацетна маса.

специфика | ж.

Типична карактеристика, особина, одлика на нешто; посебност. Национална специфика. Специфика на македонскиот јазик. Специфики на народното творештво.

спецификација | ж.

Подробен, исцрпен опис на бројот, составот и на специфичните особености на некој индустриски производ, стока итн.

специфицира | св. и несв.

Одделно, поединечно наведе, наведува, наброи, набројува, распредели, распределува, опише, опишува нешто, изврши, извршува спецификација

специфичен | прид.

Што има своја специфика, карактеристичен, посебен. Специфичен вид. Специфичен облик. Специфична положба. Специфично обележје. Специфични услови за работа.

специјален | прид.

Што е однапред определен, назначен за некого или за нешто. Специјален авион. Специјална луксузна вила. Специјално место во ложата. Специјален известувач. Специјална облека. Специјална комисија. Специјални мерки.

специјалец | м.

Полицаец што врши специјални задачи, член на специјална полициска единица.

специјализант | м.

Тој што е на специјализација.

специјализација | ж.

Стекнување специјални знаења во некоја област, научно, стручно и друг вид усовршување. Медицинска специјализација. Спортска специјализација. Специјализација во странство. Универзитетот одвои средства за специјализации.