специјализира | св. и несв.

Стекне, стекнува специјални знаења, се усоврши, се усовршува во определена област од науката, уметноста и занаетот. Синот специјализира срцеви болести. Тој специјализира соло-пеење. Сосетката го специјализира фризерството во странство.

специјалист | м.

Тој што е стручно усовршен во некоја област од науката, уметноста и занаетот; тој што се истакнува со врвна стручност во нешто. Специјалист за детски болести. Воен специјалист.

специјалитет | м.

Извонреден производ, посебен вид производ.

специјалност | ж.

Гранка, потесно подрачје, потесна струка од науката, уметноста и занаетот.

спечали | св.

Заработи, стекне нешто (пари, имот и сл.) со многу труд, работа. Тој сам спечали сè што има. Таткото спечалил многу пари и се вратил дома.

спече се | св.

Заостане во развојот, не напредува, не се развива.

спечен | прид.

Што е заостанат во развојот. Спечено дете.

спечок | м.

Тој што заостанал во развојот, спечен човек.