спроводник | м.

Материјал што спроведува добро топлина, звук, електрична енергија и сл.

спростур | м.

Направа за сушење рибарска мрежа.

спроти | предл.

Пространствено значење ‒ поставено отаде, од таа страна спрема некого или нешто. Заводот е спроти болницата. Касарната ја преселија спроти фабриката за тули.

спротив | предл.

спротива | прил.

Отспротива. Влегоа во кафеаната спротива.

спротивен | прид.

а) За правец ‒ обратен од дадениот, првичниот. Спротивен ветер. Спротивна насока. б) Што е во положба едно наспрема друго. Спротивен крај. Спротивен табор. Спротивна страна.

спротиви се | св.

Искаже незадоволство од нешто; се спротивстави. Тој се спротиви и си го покажа својот инает. Работниците жестоко се спротивија на одлуката за прекувремено работење.

спротивстави | св.

Стави едно како спротивно на друго. Тој ги спротивставил личните интереси наспроти интересите на општествената заедница.