сработи | св.
Заврши некоја работа, изработи нешто. Мајсторот ја сработи својата работа. Сите ученици ги сработиле домашните задачи по математика. Архитектот ќе го сработи проектот до крајот на месецов.
срази | св.
Победи, порази во борба, во натпревар.
сразмер | м.
Сооднос по некоја мера, по цена, качество итн.; соодветност, пропорционалност;
сразмерен | прид.
Што соодветствува по сразмер, соодветен, пропорционален. Сразмерен данок. Сразмерна тежина. Сразмерна казна. Сразмерни сили.
срам | м.
Непријатно чувство предизвикано од сознанието за сопствените непристојни, неприфатливи, неугодни постапки или навредливи зборови. Голем срам. Се вцрви од срам. Без срам ја изнавреди старицата. Се караа без срам. Нели ти е срам?
срамеж | м.
срамежлив | прид.
Што чувствува срам. Срамежлив син. Срамежлива невеста. Срамежливо девојче.
срамежливец | м.
Тој што е срамежлив.
срамежливко | м.
За дете ‒ што е многу срамежливо.
срамежниче | ср.