срамен | прид.

Што предизвикува срам. Срамен чин. Срамна работа. Срамни постапки.

срами | несв.

Нанесе, предизвика состојба, чувство на срам. Синот ги срамеше родителите со дрското однесување. Не срами ме пред гости!

срамлив | прид.

срамни | св.

Израмни, направи нешто да биде рамно; направи рамно со земјата. Градежниците го срамнија теренот за градба.

срамник | м.

Тој што се однесува срамно, бесрамник, срамотник.

срамниче 1 | ср.

Последно послужено парче од некој вид храна (леб, месо, овошје и сл.) кое никој не го зема од срам.

срамниче 2 | ср.

Растение со бел цвет и црн толчник насреде; Orlaya; Daucus carota.

срамота | ж.

Состојба на тоа што е срамно; навреда на достоинството и честа, бесрамност, нечесност. Срамота е да се лаже.

срамотен | прид.

Што предизвикува срамота, срамен, нечесен. Срамотен чин. Срамотна похота. Срамотно дело.