спукоти | св.
Припука, спука силно. Во селото спукотија пушки.
спулна | прид.
спурен | прид.
За време, воздух ‒ што е со спурнина; Спурното време траеше веќе цела недела.
спурен | прид.
Што е без свежина, овенат. Спурен лист.
спури | св.
Направи нешто да свене, да изгуби свежина. Силното сонце ги спури лисјата на краставиците. Топлиот воздух го спури тутунот.
спурнина | ж.
спуст | м.
Скијачка дисциплина во која натпреварувачите се спуштаат по многу стрмна патека со што поголема брзина.
спутник | м.
сателит.
спушта | несв.
спушти | св.
Премести, симне некого или нешто од повисоко на пониско место. Таа ги спушти ролетните од прозорците. Болничарката ги спушти нозете од креветот на болното момче. Тој ја спушти главата на перницата.