сребреникав | прид.
Што во мала мера го изразува својството на сребрената боја. Сребреникава магла. Сребреникави бранови.
сребреница | ж.
Сребрена чаша.
сребрест | прид.
сребри | несв.
Посребрува, дава сјај, боја на сребро. Сонцето ја сребреше мирната вода на езерото. Сланата ги сребреше дрвјата.
сребро | ср.
(хем.) Благороден блескав метал со сивкавобела боја, хемиски елемент; симбол Ag. Топилница на сребро.
сребро- | претс.
Како прв дел од сложен збор значи дека тоа што е именувано со вториот дел од сложениот збор е од сребро или како од сребро, сребресто (обично во поетскиот јазик): сребробел, среброглав, среброкос.
сребробел | прид.
Што е бел како сребро. Сребробела коса.
среброглав | прид.
Што има глава со побелена коса како сребро, среброкос.
среброкос | прид.
Што има коса со боја на сребро.
сребролик | прид.
Што изгледа како сребро, што личи на сребро.