сребролистен | прид.
Што има лисја со боја на сребро, што е со сребрести лисја. Сребролисни врби.
среброрун | прид.
Што има руно со боја на сребро. Среброруно јагне.
среброљубен | прид.
среброљубец | м.
Тој што е среброљубив. Голем среброљубец.
среброљубив | прид.
Што сака сребро, што е алчен за пари. Среброљубив кадија.
среброљубје | ср.
сред | предл.
Пространствено значење: а) Нешто што се наоѓа на средината, на еднакво растојание од краиштата на именуваното место. Масата не треба да стои сред соба. Врвулица сред улица. б) Наоѓање меѓу нешто, во определена средина, круг на луѓе. Исклучок сред потпросечните пејачи. Голем раздор сред студентите на УКИМ.
среда 1 | ж.
Третиот ден во неделата, ден по вторникот. Минатата среда. Во среда се пости.
среда 2 | ж.
(ретко) средина1_1
средба | ж.
Состанок. Прва средба. Ненадејна средба. Средба во паркот. Куси средби.