среде | предл.

Депонија среде нива. Среде зима лубеница, среде лето жолта дуња. Се скри среде толпата.

среде | прил.

На средината, во средината. Сакаше да седна среде. Згазна среде во калта. Патот поминуваше среде нивите.

среде | ср.

среден 1 | прид.

Што е доведен во ред. Средена состојба. Средени односи.

Среден Исток | м.

Географски регион во Азија, го опфаќа јужниот дел на континентот, т.е. државите Авганистан, Пакистан, Индија и Бангладеш.

среденсредниот 2 | прид.

Што се наоѓа на средината, еднакво оддалечен од краиштата на нешто. Среден ред. Средна позиција.

средзима | ж.

Средина на зимата.

средзимен | прид.

Што се однесува на средзима, што се случува средзима. Средзимен пејзаж.

среди | св.

Доведе нешто во ред, доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби. Домаќинката ја среди гостинската соба. Архиварката ги среди материјалите.

средина 1 | ж.

а) Место приближно еднакво оддалечено од краевите на целоста; центар. Во средината на собата имаше маса со столови. Црн толчник во средината на цветот. Листови од средината на тетратката. Средината од филмот. б) (мат., физ.) Точка еднакво оддалечена од сите точки на кругот или на топката; центар.