срика | св.
За некои животни ‒ одеднаш почне да рика. Срикаа магарињата во долот. Мечката срика неколку пати и почна да бега.
срине | св.
Отстрани со ринење. Со лопати го сринаа снегот од тротоарите. Срини го ѓубрето!
срипа | св.
Одеднаш скокне, стане од местото. Жена му срипа од фотелјата и остро го погледна. Патниците срипаа од седиштата. Срипал од постела. Момчето срипало од коњот.
срита | св.
срича | несв.
Изговара, чита по слогови, слог по слог. Учениците сричаа.
срка | несв.
Јаде со лажица течна храна (супа, чорба, каша и сл.) Во дрвена каленица сркавме каша. Со дрвена лажица нервозно сркаше од посниот грав. Другарите сркаа ли сркаа.
сркне | св.
срма | ж.
Конец обвиен со сребрена или златна нишка што се употребува за везење или за изработка на слики со филигрански мотиви. Бела срма. Вез со срма и мониста. Носија извезена со срма.
срмајлија | прид.
Срмен. Запче срмајлија. На пазуви, мори, срмалии
срмен | прид.
Што е направен од срма. Срмен конец. Срмен вез. Срмена нишка. Срмени петлици. Срмени ширитчиња.