сталажа | ж.
сталактит | м.
Сига што се образува во вид на мразулец на таванот на пештерата од вода што се цеди.
сталеж | м.
(истор.) Еден од трите општествени слоеви во феудалното општество (благородништво, свештенство, граѓанство) што се изделувале со своите наследни права и должности.
стален | прид.
Сталинград | м.
Поранешно име на Волгоград, Русија.
сталка | ж.
сталожен | прид.
Што е смирен, спокоен. Сталожен сосед. Сталожен чекор. Сталожена мисла.
сталожи се | св.
За течност ‒ се стаи.
стамболка | ж.
Општ назив за некои видови овошје и за нивните плодови (јаболко, круша, слива).
стамен | прид.
Цврст, издржлив; јак, непоколеблив, скромен. Стамен домаќин. Стамена мома.