стап | м.

Долго и тенко изделкано или обработено парче дрво. Голем стап. Овчарски стап. Питачки стап. Долги стапови.

стапалка | ж.

Отпечаток од стапало или од стапнување со нога. Широка стапалка. Детски стапалки. Стапалки во снегот.

стапало | ср.

Долниот дел од ногата со кој се стапнува. Големо стапало. Боси стапала.

стапец | м.

Дрвена направа на разбој врз која се притиска со стапалата за да се променат, преместат нишките од основата.

стапи | св.

Нагази, застане со нога на нешто; стапне.

стапина | несв.

стаписа | св.

Вчудовиди, запрепасти. Со своето лицемерство тој ги стаписа колегите. Непристојноста на ученикот ја стаписа наставничката.

стаписан | прид.

Вчудовиден, запрепастен, вџасен. Стаписана мајка. Стаписани деца. Стаписан поглед.

стапица | ж.

Направа за фаќање диви животни; замка. Волк во стапица.