стане 2 | св.
Во сложени состави со именски дел значи: добие промена, ново својство, особина и сл., се претвори во тоа што го означува именскиот дел. Стане лекар. Стане мајка. Стане пепел. Стане богат. Стане нервозен.
станиол | м.
Сребренеста фолија од калај што се користи за пакување.
станица | ж.
Место каде што редовно запираат автобуси, возови и други превозни средства за влез и излез на патници. Патна станица. Последна станица. Станица за такси возила.
станичен | прид.
Што се однесува на станица. Станичен влез. Станична зграда. Станични перони.
становит | прид.
становиште | ср.
Гледиште, мислење, сфаќање. Основно становиште. Лично становиште. Јасни становишта. Актуелни становишта.
станодавец | м.
Тој што издава стан под наем.
станувачка | ж.
станчи | св.
стаор | м.
Вид голем глушец; Mus rattus