стежне | св.

Стане тежок, потежок; натежне, отежне.

стек 1 | м.

Во изразот стек на околности: ситуација што настанува поради истовремена појава на различни околности.

стек 2 | и.

Парче месо без коска, обично телешко, говедско. Говедски стек. Пилешки стек.

стекне | св.

Постигне, добие нешто како резултат на труд, дејност и сл. Тие го стекнале имотот во брак. Работеше во странство и стекна голем капитал. Тој стекнал богатство во воени услови.

стела 1 | ж.

Надгробна камена плоча или столб со натпис, релјеф или слика на челната страна.

стела 2 | ж.

Внатрешниот дел од самарот, поставата од самарот. Ја распара стелата од самарот. Ткаеше стели.

стелна | прид.

За крава ‒ што носи плод, што треба да се отели.

стелница | ж.

Стелна крава.

стелност | ж.

Состојба кога кравата носи плод, од оплодувањето до отелувањето.