стебленце | ср.
Дем. од стебло 2. Стебло од штотуку развиено растение.
стеблест | прид.
Што има многу стебла; што има големо стебло. Стари стеблести дрвја.
стебло | ср.
Надземниот дел од дрвото, од коренот до гранките. Стебло на столетен даб. Стебло со рапава кора.
стег | м.
стега | несв.
стегне.
стега | ж.
Направа за стегање, за спојување, за прицврстување на нешто.
стегач | м.
Споена еластична лента што спортистите обично ја носат за стегање на зглобовите.
стеглив | прид.
Што може да се стега.
стегнат | прид.
Глаголска придавка од стегне.
стегне | св.
Цврсто затегне, притегне врзувајќи нешто, цврсто сврзе, спои нешто. Детето ги стегна врвките од чевлите. Го стегна каишот на панталоните. Шивачката го стегна конецот во јазол.