стожерен | прид.

Што се однесува на стожер_2 Стожерно место во неговото творештво. Стожерни симболи. Стожерен лик во нашето народно творештво.

стои | несв.

Се наоѓа во исправена положба, е на нозе, не мрда од местото; седи. Келнерот стоеше, само очите му шетаа по гостите. Многу посетители стоеја и така до крај ја следеа претставата. Стоев во ред пред касата за да платам.

стоик | м.

Приврзаник на стоицизмот.

стоилјаден | бр. прид.

Што брои сто илјади. Стилјаден тираж. Стоилјаден град.

стоицизам | м.

Правец во античката филозофија.

стоички | прид.

Што се однесува на стоици Стоички карактер.

стојалиште | ср.

Место каде што се стои. Се одморија на стојалиштето меѓу двата ката.

стојалка | ж.

Дрвена направа што служи за учење на мали деца да одат; дубалка. Детето веќе стои во стојалката и гуга.

стојност | ж.

Вредност. Поетски стојности. Креативни стојности. Уметничка стојност.

стока | ж.

Производ наменет за размена, за продажба, за пазар, а не за сопствена потрошувачка на производителот. Продавачите гласно ја нудеа својата стока. Тој набавува стока од најдобрите производители. Индустриска стока. Стока за извоз. Луксузна стока. Колонијална стока.