столбиште | ср.

Дел од зграда каде што се скалите на зградата. Девојката стоеше на столбиштето. Полукружно столбиште.

столбовиден | прид.

Што има форма на столб.

столетен | прид.

столетие | ср.

Време од сто години; век. Минало цело столетие. Првата деценија од минатото столетие

столетник | м.

Човек или нешто друго што има сто или повеќе години.

столисник | м.

Вид лековито растение, ајдучка трева; Achillea millefolium.

столист | прид.

Што има сто листа.

столица | ж.

престолнина.