столовит | прид.
Што е со подлошка на која стои. Столовита чаша.
столпче | ср.
столче | ср.
столче | св.
столчи | св.
Смачка, сплеска со толчење. Ги столчи оревите во аван. Го столчи лукот со малку сол и пиперки. Оревот го столчи со тесла на еден камен.
стомак | м.
Орган за варење сместен во средишниот дел од телото, во стомачната празнина кај човекот и кај животните од родот цицачи; желудник. Го боли стомак. Стомакот ништо не ми поднесува.
стоматолог | м.
Специјалист по стоматологија; забар.
стоматологија | ж.
Наука за болестите на усната празнина и на забите.
стомачен | прид.
Што се однесува на стомак. Стомачен вирус. Стомачни болки. Стомачна мускулатура.
стомина | бр.
Сто лица само мажи или мешани лица, и мажи и жени. И стомина да дојдат, ќе ги пречекаме.