стомна | ж.
Глинен сад за вода. Ги наполни стомните вода.
стомнар | м.
Грнчар што изработува стомни.
стомнарник | м.
Место во куќата каде што стојат стомните со вода. Во аголот покрај големите ноќви го здогледа стомнарникот.
стонасто | прил.
Во сите сто проценти на едно количество; стопроцентно. Стонасто чист алкохол.
стонастотен | прид.
Што е сосема чист, без примеси (во некој процент); стопроцентен. Стонастотен алкохол. Стонастотна реализација на планот.
стонога | ж.
стоногалка | ж.
Инсект со издолжено членковидно тело со многу пара нозе; Julus terrestris.
стоножица | ж.
стоп! | изв.
изв. Извик како заповед, забрана со значење: стој, застани.
стопан | м.
Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот. Стопан на фармата. Стопанот на лозјето донесе ручек за аргатите. Стопанот на куќата барал многу пари за неа.