стравотен | прид.
Што е многу страшен. Стравотна сила. Стравотен напад на непријателот. Ноќта е долга, темна, тешка, стравотна.
стравотија | ж.
Голем страв. Тој почувствува голема стравотија гледајќи ѝ во очи на смртта.
стравува | несв.
страга | ж.
Тесно место во кошара или на излезот од ограда низ кое се пропуштаат овците и козите пред молзење. Овчарите го втеруваат стадото во страгата и седнуваат со ведрата пред себе да молзат.
страд | м.
Страдање, јад.
страда | несв.
Трпи, пати, трга мака, живее во неподобни услови, се мачи. Таа цел живот страдаше без пари, без топол дом. Нашиот народ страда под јаремот на туѓинецот. Страда за парче леб.
страдален | прид.
страдалец | м.
страдалиште | ср.
Место каде што се страда, каде што настрадале многумина.
страдалник | м.
Тој што страда или што страдал; паталец. Тој бил страдалник за верата. Многу страдалници барале спас на ова место.