стратешки | прид.

Што се однесува на стратег. Стратешки способности.

стратор | м.

Украсно растение со темноцрвен цвет со црни ситни семчиња; Amaranthus paniculatus.

страторов | прид.

Што е од стратор. Китка страторова. Страторова метла.

стратосфера | ж.

Слојот на атмосферата над 10‒12 км. над површината на морето.

страхопочит | м.

Длабоко почитување со примеси на страв кон лице на висока положба или кон постар. Чувствуваше страхопочит кон родителите на сопругот. Неговиот глас влеваше доверба и страхопочит.

страхува | несв.

Чувствува страв, се плаши. Страхуваше за својот живот.

страч | м.

Мажјак од страчка.

страчка | ж.

Птица со црно‒бели пердуви и многу долга опашка; Pica pica. Страчките се местеа по тополите. Во дрмите страчореа и мавтаа со долгите опашки неколку страчки.

страчкин | прид.

Што се однесува на страчка. Страчкино седело.