странство | ср.
Други земји; туѓина. Работеше во странство долго време. Отпатува во странство.
странствува | несв.
Патува или живее по туѓи земји. Странствуваше по светот.
страотен | прид.
страотија | ж.
страсник | м.
Оној што подлежи на страсти.
страст | м.
Силно чувство, силен и нескротлив нагон кон нешто. Нагонски страсти. Страст за животот. Боледуваше од некои несопирливи страсти.
страстен | прид.
Што е проникнат со силно чувство, со страст, оддаден со страст кон нешто. Страсниот пушач тешко се одвикнува од цигари. Страстен ловец. Страстен вљубеник во македонската народна песна.
стратег | м.
Војсководач, командант на големи воени операции. Тој бил голем стратег.
стратегиски | прид.
Што се однесува на стратегија. Стратегиски план. Стратегиски принципи.
стратегија | ж.
Воена вештина, наука за водење воени операции, за војување. Стратегија и тактика на војувањето.