страторов | прид.
Што е од стратор. Китка страторова. Страторова метла.
стратосфера | ж.
Слојот на атмосферата над 10‒12 км. над површината на морето.
страхопочит | м.
Длабоко почитување со примеси на страв кон лице на висока положба или кон постар. Чувствуваше страхопочит кон родителите на сопругот. Неговиот глас влеваше доверба и страхопочит.
страхопочитание | ср.
страхува | несв.
Чувствува страв, се плаши. Страхуваше за својот живот.
страч | м.
Мажјак од страчка.
страчка | ж.
Птица со црно‒бели пердуви и многу долга опашка; Pica pica. Страчките се местеа по тополите. Во дрмите страчореа и мавтаа со долгите опашки неколку страчки.
страчкин | прид.
Што се однесува на страчка. Страчкино седело.
страчори | несв.
За страчка ‒ оддава специфичен звук карактеристичен за страчка. Страчките страчореа на високите тополи.
страшен | прид.
Што задава чувство на страв, ужасен. Страшно чудовиште. Страшен сон.