стреч | м.

Ткаенина што се растегнува. Блуза изработена од стреч.

стреш 1 | м.

Претпазливост, внимателност. Цела ноќ беа на стреш.

стреш 2 | м.

Вода во која златарите чистат предмети од злато и сребро.

стрешти | св.

Одеднаш почне да трешти. По неколку секунди бомбата силно стрешти.

стриг | м.

Стрижење овци. Се шири реа на овчи стриг под извишените тополи.

стрига | несв.

За коњ, магаре, маска и сл. ‒ мрда со ушите во состојба на вознемиреност. Коњот стрига со ушите, како да има нешто во тревата.

стригар | м.

Лице што ги стриже овците. Стригарите цел ден стрижат.

стригарница | ж.

Место каде што се стрижат овците.

стригне | св.

Потстриже. Берберот така ја стригнал.

стрижба | ж.

Стрижење, стриг. Терминот се одредува еден месец пред стрижбата.