стреш 2 | м.
Вода во која златарите чистат предмети од злато и сребро.
стрешти | св.
Одеднаш почне да трешти. По неколку секунди бомбата силно стрешти.
стриг | м.
Стрижење овци. Се шири реа на овчи стриг под извишените тополи.
стрига | несв.
За коњ, магаре, маска и сл. ‒ мрда со ушите во состојба на вознемиреност. Коњот стрига со ушите, како да има нешто во тревата.
стригар | м.
Лице што ги стриже овците. Стригарите цел ден стрижат.
стригарница | ж.
Место каде што се стрижат овците.
стригне | св.
Потстриже. Берберот така ја стригнал.
стрижба | ж.
Стрижење, стриг. Терминот се одредува еден месец пред стрижбата.
стриже | несв.
Сече, реже со ножици или со машина коса, волна и сл. Козите се стрижат стоејќи, а овците лежејќи.
стрија | ж.
Белег врз површината на кожата во облик на бразда, линија.