стрико | м.
Брат на таткото; чичко. Стрикото и внукот си разговараа почесто. Зеде благослов од татка си и стрика си.
стриков | прид.
Што му припаѓа на стрико. Стрикова ограда. Стрикова невеста. Стриков син.
стриктен | прид.
Што е строг, јасно одреден, ограничен; без отстапувања и исклучоци. Стриктна примена на прописите.
стрина | ж.
Сопруга на стрикото. Доаѓаат стрико, стрина и сите роднини.
стринин | прид.
Што ѝ припаѓа на стрина. Стринини петлиња.
стринкин | прид.
Што ѝ припаѓа на стринка, стринин.
стрип | м.
Одделна слика од цртан расказ.
стриптиз | м.
Забавна програма во некои барови во која се изведува (обично од жени) еротски танц со соблекување пред публиката.
стриптизер | м.
Лице што изведува стриптиз.
стрихнин | м.
Вид многу силен отров со смртоносно дејство. При обдукцијата, во телото на покојниот е констатирано извесно количество стрихнин.