студ | м.

Ладно, студено време. Не сети ни студ ни ветар. Утрински студ.

студен | прид.

Што има ниска или многу ниска температура. Студена вода. Студена ноќ.

студен | м.

Народно име за месецот ноември.

студенее | несв.

За време ‒ станува студено; застудува. Надвор почна да студенее.

студенец | м.

Место каде што извира студена вода. Се наведна за да се напие вода од студенецот.

студеник | м.

Студен извор.

студеникав | прид.

Што не е многу студен. Студеникаво време.

студенило | ж.

Својство на студ; студено време. Студенилото ќе потрае во текот на цел јануари.