субаша | м.
Полициски началник во Турското Царство.
субашица | ж.
Жена на субаша.
субашија | м.
субвенционира | св. и несв.
Даде, дава субвенција. Државата го субвенционира производството на млеко и млечни производи.
субвенција | ж.
Финансиска помош од државата за да се одржи ниска цена на одредени производи или да се стимулира производството на некои продукти. Производителите на млеко добија субвенции за предаденото млеко.
субверзивен | прид.
Што се однесува на субверзија, што води кон субверзија. Субверзивни активности.
субверзија | ж.
Тајна или отворена активност за рушење на дадена политичка состојба, подготвување преврат. Воена субверзија. Субверзии во црквата.
сублимат | м.
(хем.) Продукт на сублимација. Живин сублимат.
сублимација | ж.
(хем.) Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење одново враќање во тврда состојба.
сублимен | прид.
Што е возвишен, величествен. Сублимен момент.