сублимира | св. и несв.

(хем.) Претвори, претвора тврди тела во гасовити или со ладење претвори, претвора гасовити во тврди тела.

субординација | ж.

Однос на зависност на понискиот вид од повисокиот; подреденост во хиерархијата во една средина. Субординација на пониските чинови во армијата.

субординира | св. и несв.

Подреди, подредува, потчини, потчинува.

субјект | м.

Физичко или правно лице како носител на права или обврски.

субјектен | прид.

Што се однесува на субјект.

субјективен | прид.

Што е заснован на лично мислење, што е индивидуален; личен. Субјективен став.

субјективизам | м.

(филоз.) Поглед на светот според кој целокупното спознание е од лична, субјективна природа; следење на настаните и појавите во општествениот живот врз субјективен став.

субјективизира | св. и несв.

Направи, прави да биде нешто сфатено, видено, доживеано, сфати, сфаќа нешто од своја гледна точка, според своето субјективно гледиште, нешто да биде лично, нереално, необјективно. Тој го субјективизира светот во своите дела.

субјективист | м.

Приврзаник на субјективизмот.

субјективистички | прид.

Што се однесува на субјективизам и на субјективност. Субјективистичка критика.