субјективитет | м.
Лична реалност, пристрасност; субјективност.
сув | прид.
Што во себе нема вода, што не е влажен, што се исушил. Суви алишта. Сува земја. Суви усни. Сув воздух.
Сува | ж.
Главен град на Фиџи.
Сува Гора | ж.
Планина во Македонија.
сувар | м.
суварија | м.
Војник, жандарм на коњ; коњаник. Преку дрвениот мост бодинаница помина суварија. Сувариите на агата ги растераа селаните.
суварка | ж.
Сува гранка. Го потсили огнот со суварките.
суват | м.
Летно планинско пасиште; водопој.
сувее | несв.
Станува сув.
сувенир | м.
Предмет што се купува и се чува за спомен на нешто. Изработува и продава сувенири. За сите домашни купи по некој сувенир.