судач | м.
судба | ж.
судбина | ж.
Виша сила што, според верувањата, го управува животот на луѓето и го определува текот на настаните. Ништо не може да ја смени судбината на човекот. Судбината на детето ја одредуваат наречниците на трета вечер по раѓањето на детето.
судбински | прид.
Што се однесува на судбината, што произлегува од судбината; што е однапред одреден, што не може да се измени или да се избегне. Судбинска средба. Судбинско решение. Судбински настани.
судбоносен | прид.
Што го одредува понатамошниот тек на настаните, пресуден. Судбоносни решенија за нашиот народ. Судбоносен ден. Судбоносни моменти.
суден | прид.
Глаголска придавка од суди.
суден | прид.
Во изразите: На судниот ден ‒ на последниот ден на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите. Судни маки ‒ големи, тешки маки предодреди од божјиот суд.
суденик | м.
Судбински предодреден брачен партнер. Дојде суденикот да ја види.
Судети | и.
Планински венец во Централна Европа.
суди | несв.
За судија или суд ‒ решава судски процес. Ќе им суди на разбојниците. Му судеше воен суд.