сутне | св.
Во игра (обично со скокалчиња, џамлии) ‒ добие, заработи од соиграчот. Тројца играа, но едниот ги сутна сите џамлии.
сутра | прил.
суфикс | м.
Морфема што се додава кон основата на зборот од која се образува збор со ново лексичко значење (носи ‒ нос-ач ‒ носач) или збороформа од истиот збор (носи ме).
суфиксација | ж.
Суфиксен начи на образување.
суфиксен | прид.
Што се однесува или што припаѓа на суфикс. Суфиксен елемент.
суфицит | м.
Вишок на приходи над расходите; дефицит. Суфицит од илјада денари. Голем суфицит.
суфицитарен | прид.
Што е вишок, што покажува вишок, што има повеќе примања одошто давачки.
суфицитен | прид.
суфле | ср.
Вид печено јадење подготвено од хомогена смеса на цврсто изматени белки со фино пасирано овошје, зеленчук, месо или риба. Овошно суфле. Суфле од мешан зеленчук. Суфле од говедско месо. Топли суфлеа.
суфлер | м.
Тој што му суфлира на артистот додека глуми на сцена.