суфлерница | ж.

Определено место во театарот од каде што суфлерот им го потшепнува текстот на артистите во театарска претстава.

суфлерство | ср.

Занимање на суфлер.

суфлира | св. и несв.

Потшепне, потшепнува дел од улогата на артистот.

Сухуми | ср.

Главен град на Абхазија.

суче | несв.

Танчи, развива, развлекува тесто со сукало, прави кора. Жените се собираа и сукаа јуфки. Мајка ми сучеше многу танки кори за баклава.

сучен | прид.

За јадење од тесто ‒ што е подготвен со сучење. Сучена пита. Сучени кори.

сучено | ср.

Јадење подготвено од сучено тесто. Денес имавме сучено за ручек.

сучка | ж.

сачка, деланка.

сучкоса се | св.

Стане сучка, се направи сучка, многу ослабе.

суша | ж.

Време без врнежи, суво време. Голема суша.