сатански | прид.
Што се однесува на сатаната, што е својствен на сатаната. Сатански дух. Сатанска насмевка. Сатанско учење.
сатар | м.
Широк и долг месарски нож, сличен на мала секира. Закрвавен сатар. Месото го сечеше со сатар. Сатарот се заби во трупецот.
сателит | м.
(астр.) Помало небесно тело коешто се движи по орбита околу поголема планета; придружник, сопатник. Месечината е сателит на Земјата.
сатен | м.
Вид мазна свилена ткаенина со висок сјај. Бел сатен. Панделка од сатен. Црвен фустан од сатен.
сатеска | ж.
Мала река; теснец меѓу две планини. Тесни сатески меѓу огромните карпи. Планински води се влечкаа по сатеските.
сатинен | прид.
Што е од сатен. Сатинена наметка.
сатинет | м.
Вид тенок сатен. Ракави од сатинет.
сатиниран | прид.
Што е мазен и сјаен како сатен. Сатинирано платно. Сатинирана хартија.
сатир | м.
(мит.) Полубожество во грчката митологија, олицетворение на похота.
сатира | ж.
Литературно дело во кое грубо се исмеваат негативни особини, појави и сл. Тој пишуваше сатири.