свеска 1 | ж.

Сестра на сопругата. Убава свеска. Тој има две свески. Дојдоа на гости свеската и баџанакот.

свеска 2 | ж.

Том, една книга од пообемно издание. Прва свеска. Од речникот има издадено неколку свески.

свест | ж.

Способност на човекот да мисли, да расудува за објективниот свет, да ја восприема стварноста. Развиена свест.

свести | св.

Помогне некому да дојде на свест; освести. Еден средовечен човек го испрска со вода и го свести.

свет 1 | м.

Целокупната материјална стварност, Земјата со сè што суштествува на неа; вселена, универзум. Настанок на светот. Пропаст на светот. Страни на светот. Го прошета светот.

свет 2 | прид.

Што е предмет на религиозна почит, култ; божествен. Света книга. Света литургија. Свети мошти. Света вода.

Света Гора | ж.

Црковна автономна област на полуостровот Халкидики, Грција.

Света Елена | ж.

Британски остров во јужниот дел Атлантскиот Океан.

светало | ср.

Лимена, мала домашна ламба без стакло;