светен | прид.

Над којшто е извршен црковен обред; осветен. Светена вода. Светено масло.

светец | м.

Тој што го посветил својот живот на христијанското учење, а црквата го прогласила за свето лице. Светецот Климент. Лик на светец. Житие на светецот.

свети 1 | несв.

Излачува, пушта светлина. Сонцето свети. Месечината свети. Ламбата сè уште свети.

свети 2 | несв.

Со религиозни обреди и молитви подложува на осветување вода, масло и сл. Сите светеа вода во куќите за големиот празник. Попот светеше масло за болниот.

свети | прид.

Само во состав со име на светец; 2: свети Илија, свети Никола, свети Трифун, свети Климент.

Свети Китс и Невис | м.

Островска држава во Карипското Море.

Свети Николе | ср.

Град во Македонија.

светилен | прид.

светлечки.

светилиште | ср.

(рел.) Свет храм, свето место според религиозните верувања. Христијанско светилиште. Будистичко светилиште.