светлина | ж.

Енергија што ја испушта некое тело и го прави видлив околниот свет. Сончева светлина. Светлина од Месечината. Светлината од батеријата откри маж и жена.

светло | ср.

Извор, направа за осветлување; осветление. Запалени светла. Изгаси го светлото. Возеше со изгасени светла.

светло- | претс.

Како прв дел од сложенка со кој се означува послабо изразена, бледа нијанса на некоја боја: светложолт, светлозелен, светлокафен, светломодар.

светложолт | прид.

Што е со бледожолта боја. Светложолт чадор.

светлозелен | прид.

Што е со бледозелена боја. Светлозелени панталони.

светлокафен | прид.

Што е со кафена боја во бледа нијанса. Светлокафено палто.

светлокос | прид.

Што е со светла коса; рус. Светлокосо момче.

светлолик | прид.

Што е со светол тен на лицето. Светлолик старец. Светлолика жена.

светломер | м.

Дел кај фотоапарат за регулирање на светлината.