светломодар | прид.
Што е со модра боја во бледа нијанса. Светломодро небо.
светлоносен | прид.
Што носи светлина.
светлоносец | м.
Тој што носи светлина. Светлоносец во поезијата.
светлоок | прид.
Што има светли (сини, зелени) очи. Светлооко момче. Руса, светлоока жена.
светлорус | прид.
Што е со руса коса во изразено светла нијанса. Светлоруса девојка со блед тен. Светлоруса коса и брада.
светлосен | прид.
Што се однесува на светлост. Светлосен ефект. Светлосен сноп. Светлосна енергија. Светлосни знаци. Светлосни години.
светлосив | прид.
Што е со сива боја во бледа нијанса. Светлосиво палто. Светлосиви панталони.
светлосин | прид.
Што е со сина боја во бледа нијанса. Светлосино небо. Светлосини води. Светлосини очи.
светлост | ж.
светлина. Бледа светлост. Светлост на денот. Зрак светлост. Трепереше светлоста во мракот. Светлоста на огнот му го откриваше лицето.
светлота | ж.