свирол | м.
Народен музички инструмент, шупелка.
свирче | ср.
Мала свирка што оддава остар, продорен звук; пишталка.
свирџија | ж.
свисне | св.
Се наклони надолу, се отпушти, се обеси. Му свисна главата на градите. Снагата ѝ свисна. На небото свиснаа облаци.
свита 1 | ж.
Придружба на важна, високопоставена личност, обично од политичкиот живот, на висок достоинственик. Кралска свита. Влегува кнезот со свитата.
свита 2 | ж.
Цикличен музички облик со повеќе ставови од различен карактер. Мала свита за флејта и пијано. Балетска свита.
свита 3 | ж.
Вид чоја, дебела волнена ткаенина.
свитка | ж.
свитка | св.
Придаде полукружна форма; свие Човекот полека ја свитка својата висока снага и седна. Таткото го откачи килимчето, го свитка и излезе без збор. Тој го свитка книвчето без да погледне што пишува во него.
свитлив | прид.
Што може да се свитка. Лесно свитливо врбово гранче.