свиток | м.
Лист од папирус, пергамент или од хартија, свиткан во облик на валјак; свивка, свитка. Свитоци на стари ракописи. Пергаментен свиток. Свиток на диплома.
свијок | м.
Место каде што завива (свива) пат или река.
свиња | ж.
(зоол.) Домашно животно, цицач со куси нозе и масивно тело, кое се одгледува за добивање месо, сало, кожа, четина и др.; Suc domestica.
свињар | м.
Лице што пасе или што одгледува свињи.
свињарник | м.
Просторија за одгледување свињи.
свињарница | ж.
свињарски | прид.
Што се однесува на свиња или на свињарство. Свињарска фарма.
свињарство | ср.
Стопанска гранка, дел од сточарството што се занимава со одгледување и размножување на свињи.
свињогојство | ср.
свлак | м.
Место на стрмна падина каде што се слизга земјата, свлечена земја