свлече | св.

Со влечење симне некого или нешто од високо. Стражарите го свлекоа затвореникот долу во ќелијата без свест. Потоа тој полека го свлече мртвото тело во визбата.

свлечиште | ср.

Ридско место каде што земјата се свлекува, се лизга. Свлечиштето урна три куќи.

свлечка | св.

Симне со влечење некого или нешто;

свод | м.

Обично во сали, храмови, мостови и сл. ‒ лак што соединува ѕидови, столбови и сл. Сводот на црквата беше зографисан. Сводовите на мостот беа изработени од камен. Сводот бил мозаик на златна основа.

своден | прид.

сводест | прид.

Што има форма на свод. Сводест ходник. Сводеста врата.

сводник | м.

Лице што уредува сексуални врски меѓу мажи и жени со користољубива цел, за пари.

сводништво | ср.

Користољубиво посредништво меѓу мажи и жени.

своевиден | прид.

Што се одликува од другите, необичен, оригинален, посебен. Своевиден феномен. На своевиден начин. Своевидна композиција.

своеволен | прид.

Што постапува по своја волја, желба, што е склон кон своеволие, што изразува своеволие. Своеволен човек. Своеволен карактер.