своеволие | ср.
Склоност да се дејствува по своја волја, пројава на своеволник. Неговите своеволија веќе не се поднесуваа.
своеволник | м.
Човек што постапува по своја волја, што е своеволен. Тој беше пакосен своеволник.
своевремен | прид.
Што се јавува или што се извршува навреме, кога е неопходно. Своевремена покана. Своевремена помош.
своеглав | прид.
Што работи на своја глава; тврдоглав. Своеглаво момче. Тој беше тежок човек, своеглав и пргав.
своеобразен | прид.
Што се одликува значително од другите; необичен, особен, оригинален; своевиден. Своеобразна тактика. Тоа е своеобразна варијанта на граѓански живот.
своерачен | прид.
Што е направен, напишан со своја рака. Своерачен потпис.
своетина | ж.
Подалечни роднини на едно семејство. Тој му беше некаква своетина.
своештина | ж.
своина | ж.
сворче | ср.
Народен инструмент, шупелка.