свој | зам. прид.

Што му припаѓа на вршителот на дејството; што се јавува како личен, сопствен. Тој има своја соба. Си има тој своја работа. Сите свои работи ги остави на туѓина. Таа има свој пород.

својски | прил.

Добро, како што треба, со сета сила. Својски запнавме и ја завршивме работата пред ручек.

својствен | прид.

Што е карактеристичен за некого или за нешто. Одеше на начин својствен само за неа. Го завладеа носталгија својствена за чувствителни луѓе. Редот не му беше својствен на момчето. Тоа е својствено за него.

својство | ср.

Признак, карактеристична особина на накого или на нешто. Својства на водата. Својтва на металите. Физички својства. Ботанички својства на грашокот.

свракин | прид.

Што се однесува на сврака.

сврат | м.

Вододел, раздел на вода во два тока.

сврати | св.

Наврати, намине накратко. Свратив само да те видам. Свратија на кафе.