сврбогаска | ж.
Вид дива ружа; шип. Rosa canina.
свргав | прид.
За дрво ‒ што има многу врги.
сврдел | м.
Направа за правење дупки во дрво, метал и сл. Дрвото го дупеле со сврдел.
сврдлар | м.
Човек што прави или што продава сврдли.
сврдли | несв.
Прави дупка со сврдел. Цел ден сврдлат нешто во дрвото.
сврели | св.
Загрее, направи да стане врел, вжешти. Многу си ја сврелил водата.
свреска | св.
Одеднаш викне, вресне. Сврескаа дечињата за јадење. Таа силно свреска кога го виде човекот на врата.
свржи | несв.
За ветар ‒ дува остар, студен ветар.
сврзан | прид.
Глаголска придавка од сврзе.
сврзе | св.
Поврзе, врзе еден крај со друг; врзе Брзо ги сврза двата краја од јажето што беа скинати. Работникот повторно ги сврза жиците и дупката на оградата беше затворена.